ЗА НАС

НЕШТО ПОВЕЌЕ ЗА НАС

Сервис Милошески претставува модерен и копмлетно опремен авто сервис лоциран во северниот регион на Скопје. Нашата примарна цел е да им понудиме на нашите клиенти еден современ лимаро-лакерски авто сервис со развиен капацитет да понуди и испорача квалитетна поправка за нај различни видови на каросериски оштетување независно од брендот на автомобилот.

Иако како правен субјекти постоиме од 2016та година, взаемното професионално искуство на нашите посветени кадри надминува половина век. Имајќи го ова во предвид, ние сме во можност да ви понудиме сеопфатно решение за било какво оштетување на вашиот автомобил. 
Дозволете ни нам да се погрижиме за сите видови на оштетувања на вашиот автомобил. Истите ќе ги отстраниме експедитивно, применувајќи современ специјализиран алат, како и врвни и докажани материјали од автомобилската индустрија. Нашиот професионален пристап гарантира запазување на највисоките критериуми за квалитет и сето тоа овозможувајќи ви вам конкурентни цени.
Вашата грижа претставува наш предизвик!

ЗОШТО ДА НЕ ОДБЕРЕТЕ НАС?

Брзо  Практикуваме клиентските возила да ги повикаме во сервис на конкретен датум кога сме подготвени да започнеме со работа на истите, без притоа возилата непотребно да поминува денови на паркинг плацот. Навремената испорака е наш голем приоритет.
Економично Веруваме дека ценовната перцепцијата варира од човек до човек, но кога е квалитетот во прашање за нас нема компромис, притоа цеата очигледно се одразува во услугата и крајниот резултат, автомобилот не се фарба секој ден, а и не треба.
Квалитетно Професионалниот пристап како и користењето на материјали од реномирани и докажани глобални брендови гарантира беспрекорен и долготраен квалитет!