УСЛУГИ

КАРОСЕРИСКИ УСЛУГИ

Располагаме со услови, алати и опрема за каросериско извлекување, калемење и поправка на најразлични видови на структурно оштетување и изместување на шасијата на голем број возила.

ПРИПРЕМА И АВТО ПЛАСТИКА

Во процесот на припремата на металните и пластичните површини, како и при нивното заварување и лепење, применуваме напредни техники, правилни процедури и докажани брендови на прајмери, лепаци, китови и филлери кои гарантираат безпрекорна и долготрајна изработка.

ФАРБАЊЕ

Професионалната комора, во комбинација со запазувањето на правилните процедури, користењето на глобално реномиран бренд на бои и лакови, како и долгогодишното искуство е доволен гарант за блескавиот сјај кој трае.

ПОЛИРАЊЕ И КЕРАМИЧКА ЗАШТИТА

Полирање - Riwax®: Применувајќи врвно докажана програма на професионални материјали од швајцарскиот брендот Riwax®, процесот на полирање се одвива детално и повеќестепенски, користејќи професионални машински ротациони и орбитални полирки, а се со цел да се доведе површината на возилото во што е можно по беспрекорна состојба.

РЕДОВЕН СЕРВИС

Одлично соработуваме со сите позначајни импортери на автомонилски делови, автомобилско уље и секакови видови на филтри. Се што е потребно е телефонски да ни дадете информации за моделот на вањето возило а врз основ на тоа, од наша страна ќе добиете понуда за обавување на редовен сервис и по ваша желба ќе закажеме термин.